logo
logo
logo

Стефановски: Индициите дека премиерот бил следен и прислушуван е скандал од меѓународни размери

Vecer | 05.09.2025

Стефановски: Индициите дека премиерот бил следен и прислушуван е скандал од меѓународни размери

Сериозните индиции дека сегашниот премиер бил следен и прислушуван тогаш кога бил лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, е скандал од меѓународни размери, оценува во анализа за „Курир.мк“ политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски.

– Зошто?! Затоа што во последниве 30 години во ниту една земја членка на НАТО немало злоупотреба на разузнавачкиот апарат со цел следење на лидер на најголема опозициска партија, притоа таа партија и лидер да се прозападно орентирани, вели Стефановски.

Стефановски оценува дека ова треба да е последната афера чиј генератор е подземјето кое е инсталирано во службите со децении.

– За жал конзумент на услугите на ова чудовиште секогаш бил и е СДСМ. И, не така многу далеку од сега Фрчковски како министер за внатрешни работи ја партизираше службата, а направи егзодус на професионалците. Аферата Сина птица, Големото уво, но и онаа со бомбите на Заев се исти или слични инсталации кои службата ја користат за политичка, партиска или лична пресметка. Македонските безбедносни служби доживуваат комплетен распад кога се ставаат во функција на подземјето на Заев, и кога Штекли, Репки или Шеваљ се оние кои мафијата ја направија посилна од држават“, потенцира Стефановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk