logo
logo
logo

Побара и надзор врз сите субјекти со А-лиценца

МИНИСТЕРОТ ХОЏА ПОБАРА ИНФОРМАЦИИ ЗА НАДЗОРОТ ОД РАБОТАТА НА УСЈЕ

Vecer | 26.12.2025

МИНИСТЕРОТ ХОЏА ПОБАРА ИНФОРМАЦИИ ЗА НАДЗОРОТ ОД РАБОТАТА НА УСЈЕ

Итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во МЖСПП, денеска се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

На средбата министерот Муамед Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.

„Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозоволи. Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација“, соопшти МЖСПП.

Министерот Хоџа на средбата, како што се посочува во соопштението, нагласил дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање повика на соработка и партнерство од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk