logo
logo
logo

Лејла Кадриу, обвинителка од СЈО: НА СУДИЈАТА ПАНЧЕВСКИ СЈО МУ НАМЕСТИ СМЕНА

Vecer | 07.02.2026

Лејла Кадриу, обвинителка од СЈО: НА СУДИЈАТА ПАНЧЕВСКИ СЈО МУ НАМЕСТИ СМЕНА

Лејла Кадриу – обвинителка од СЈО која си заминала оттаму после 2 или 3 месеци од кога почна со работа во СЈО затоа што Катица Јанева сметала дека не е “тимиски кадар“ по нејзиното одбивање да работи на предмети темелени на прислушкувани разговори за кои нема прием и попис кој што предал во СЈО, и налозите од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев за тоа кој обвинител што треба да сработи и нивното лично влегување во СЈО и средби со обвинителите.

Таа посочи и примери на кои била сведок кога наведените министри од СДСМ доаѓале во СЈО и на средба четворица обвинители од СЈО меѓу кои бил носител на групата обвинителот Гаврил Бубевски, а со него и Ленче Ристовска... имале средби и налози кои се спротивни на јавно обвинителската работа.

Според Кадриу СЈО фактички го водел Гаврил Бубевски а Катица Јанева била избрана за таа функција само заради нејзите амбиции да биде јавно популарна бидејќи ни според искуство во обвинителството немала капацитет за тоа.

“Јас сум сега жена од милион долари“ изјавувала Катица Јанева пред колегите и барала начин како меѓу себе да поделат милион евра “вишок“ во буџетот на СЈО затоа што ако не го подолеат ќе треба да го вратат во буџетот.

Во тоа време немале стручен овластен финансиски и сметководствен експерт туку за финансиите се грижела заменичката на Катица Јанева, обвинителката и заменик на Катица, Елизабета Јосифовска која рекла “дека се разбира во финасиисте затоа што мајкаи ја учела на тој занает“...

Посочи и како министерот од МВР Оливер Спасовски и праќал советник од кабинетот да и дава налози како да постапува по предметите што таа одбила и го избркала од канцеларијата.

По ова Катица Јанева и соопштила да ја напушти канцеларијата и дека “не е веќе дел од тимот“, иако изборот или разрешување на обвинител во СЈО не е нејзино овластување туку на Советот на обвинители.

Кардиу раскажува како Владимир Панчевски, екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје, бил таргет од страна на СЈО и како му монтираа предмети бидејќи во тој момент како претседател на Кривичен суд им застанал на патот тие да определуваат судии за нивните предмети од СЈО и да земаат од судот документација од судски предмети и барал да работат како што налага законот кој не дозволува да добијат и изнесуваат надвор од судот акти од судски предмети.

Тој бил мета на СЈО и зборувале дека по секоја цена Владимир Панчевски не смее да биде таму за да не им смета во нивните незаконски дејствија.

Потоа додава дека не можеле да му најдат ништо незаконски, па почнале да му измислуваат предмети со АКМИС системот, а како што работел тој работеле и другите претседатели на останатите судови и на Врховен и на Апелација и на Управен итн, меѓутоа Панчевски бил метата бидејќи не соработувал со нив во нивните незаконски дејствија и по секоја цена морало да го тргнат.

И планот им се оствари, вели Кадриу.

Му измислија дело со монтиран судски процес на еден од најстручните и најеминентните правници во Македонија кој заврши во затвор – претседател на Кривечн суд кој во тоа време на анкетите за правосудство во имаше доверба во судството повеќе од 50% а не како изминативе 7-8 години со 2% рејтинг доверба во судот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk