logo
logo
logo

Филипче: Ние сме тука, подготвени да се бориме

Vecer | 26.09.2025

Филипче: Ние сме тука, подготвени да се бориме

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбите со граѓани во струмичкиот регион, се вели во соопштението од СДСМ.

“Само ние сме организирана структура, која што сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, и енергија, и волја, дека сме ние тука и сме подготвени да се бориме” рече Венко Филипче.

На средбите со граѓаните Ново Село, Василево и Босилово, Филипче посочи дека во ниту еден сектор нема никакви резултати, што е показател за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

“Една работа да најдеме, нема. Во земјоделството? Ништо. Ниту поддршка, ниту зголемени субвенции. Плачат лозари, плачат сточари, производителите на оризот, тутунарите. Во здравството да не  зборам. Во образование? Ништо. Какви плати,  ги лажат, луѓето – ќе биде до година. Работниците? Ништо.  Даваме предлог за платите? Ништо. Цените во плафон. Не можат луѓето да живеат повеќе. За европското прашање да не збориме” , рече Филипче.

Во периодот на СДСМ, како што кажа Филипче немаше ниту една лоша политика, мерките се креираа за граѓаните.

‘Ние немаме лоша политика во ниту еден сектор. Зашто сакате ќе збориме? 300% социјална помош, платите ги зголемивме, дуплирана минималната платата. Во здравство, во образование  во стопанството, со цените имавме контрола, кризите ги пребродивме. Ние бевме тука за луѓето, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е за луѓето тука, не ги интересира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk