logo
logo
logo

ЧИСТКА СО МЕТЛА ИЛИ ТЕАТАР БЕЗ ОДГОВОРНОСТ – оценки за Конгресот на ДУИ

Vecer | 22.12.2025

ЧИСТКА СО МЕТЛА ИЛИ ТЕАТАР БЕЗ ОДГОВОРНОСТ – оценки за Конгресот на ДУИ

Зад затворените врати на 5-тиот Конгрес на ДУИ, Али Ахмети доби нов мандат– но многу влијателни и познати членови на партијата добија елегантен излез од партиските тела, како централното претседателство и Советот на партијата.

Над 60-тина довчерашни членови на овие тела, како поранешниот технички премиер и парламентарен спикер Талат Џафери, пратениците Блерим Беџети и Садула Дураку, екс градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, Ејуп Рустеми, Назим Буши.

Во врвот остануваат главно исти ликови, потпретседател е Бујар Османи, а Арбр Адеми е нов генерален секретар, а партијата ќе има и две жени потпретседателки. Чистка и метла на Ахмети, коментира политичкиот аналитичар Џелал Незири.

Сепак, генерално станува збор за една чистка, за една метла од страна на Ахмети, метла која ги остави без функција, многу значајни фигури, внатре во ДУИ. И мислам дека тоа позитивно ќе се одрзаи меѓу нивното членство или кај нивните поддржувачи кои беа пасивизирани во изминатиот период, ни изјави Џелал Незири, политички аналитичар.

Од друга страна, до преклани еден од големите во ДУИ, актуелниот градоначалник на Чаир од ВРЕДИ и Демократското Движење- Изет Меџити за конгресот порача дека е театар на чија сцена никој не беше повикан за одговорност за како што го нарече изборниот дебакл.

Наместо идеи, Конгресот-театар понуди памфлети со „главни теми“ за да го прикрие неуспехот, но уште полошо – да избегне дискусија за суштинското прашање: кој е одговорен за поразот на изборите?!, напиша Изет Меџити на ФБ.

А предлозите на Ахмети беа нов историски договор за напредок на Македонија, изгласани неколку резолуции за унитарна држава, но и предлози за воведување на Бадентер двојно гласање при избор на влада и во некои одлучувања на Уставниот суд.

Избор на влада по Бадентеров принцип, мислам дека тоа е еден вид на обврска (потреба) и сега, бидејќи Вие може да составите влада без Бадентерово мнозинство. Но, потоа не можете 40% од законите да ги поминете како што е случајот со актуелната влада. Значи ДУИ и Ахмети нема да отстапуваат од унитарниот карактер на државата, нема да предложи федерализација или други порадикални политики, но ќе се држи до таа траекторија од 2002-ра година, од Рамковниот договор ќе продолжи и понатаму, вели аналитичарот Незири.

Токму Бадентеровото мнозинство засега ДУИ го има под контрола во Собранието поради што се уште нема гласање за закони за кои е потребно двојно мнозинство, а меѓу тие гласања е избор на нов Народен правобранител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk