logo
logo
logo

Кривична за член на Одбор на директори на КК Куманово 2009 - НЕЗАКОНСКИ СИ ИСПЛАТИЛ 80.000 ЕВРА БОНУСИ ОД ДОНАЦИИТЕ

Vecer | 23.12.2025

Кривична за член на Одбор на директори на КК Куманово 2009 - НЕЗАКОНСКИ СИ ИСПЛАТИЛ 80.000 ЕВРА БОНУСИ ОД ДОНАЦИИТЕ

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на Одбор на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски Клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривчно дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 став 4 и 5 в.в со ст.1 од КЗ на Република Северна Македонија.

Пријавениот В.Б., во својство на овластено лице во Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, ги пречекорил границите на своите службени овластувања доделени од друштвото, постапувајќи спротивно на член 14-д од Законот за спорт, како и спротивно на договорите за донација на финансиски средства склучени помеѓу Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како даватели на донација и Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, како примател на донацијата.

Имено, пријавениот, самоволно, свесно и со однапред утврдена намера, донел одлука која сам ја потпишал без да свика седница на Одборот на директори на друштвото, согласно која дал налог за исплата на парични средства од клубот кон себе и уште две лица, по основ награда – бонус.

Исплатените парични средства потекнувале од донации – спонзорства обезбедени од Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, односно од парични средства доделени во вид на ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои по ниту еден законски основ не смееле да бидат исплатени на наведениот начин.

Со ваквото постапување, пријавениот Виктор Божиновски, со намера за себе и за други лица да прибави противправна имотна корист, нанел имотна штета на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово во вкупен износ од 4.896.000 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk