Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е одржан состанок посветен на реформската агенда и на процесот на европската интеграција, на кој онлајн учествувал и Герт Јан Копман, директор на Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија.
Мицкоски во објава на „Фејсбук“ посочи дека на состанокот биле разгледани клучните реформски приоритети и следните чекори во процесот на европска интеграција.
- Одржавме состанок посветен на реформската агенда, со онлајн-обраќање и учество на директорот на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани клучните реформски приоритети и следните чекори во процесот на европска интеграција - напиша премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата