logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ е ПРОМАКЕДОНСКА ПАРТИЈА, СДСМ одамна го изгуби идентитетот, вели Мицкоски

Vecer | 13.05.2026

ВМРО-ДПМНЕ е ПРОМАКЕДОНСКА ПАРТИЈА, СДСМ одамна го изгуби идентитетот, вели Мицкоски

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија.

Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како што истакна, тој утре ќе каже нешто друго.

-Не можам да го коментирам тоа затоа што утре нешто друго ќе рече. Претпоставувам ќе измисли некоја друга придавка. Практично, човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално, секој ден кажуваат работи кои прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат. Така што претпоставувам до вечер ќе бидеме некаква друга „филска“ партија, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk