logo
logo
logo

ГОБ „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок

Пред реконструкцијата ВО ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ СЕ ВЛЕГУВАШЕ СО ЧАДОР, вели Мицкоски

Vecer | 13.05.2026

Пред реконструкцијата ВО ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ СЕ ВЛЕГУВАШЕ СО ЧАДОР, вели Мицкоски

Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории.

- Пред да се случи реконструкцијата во операционите сали се влегуваше со чадор. Кога врнеше, покривот течеше. Она што сега не можете да го видите, а исто беше опфатено со реконструкцијата, е целосната обнова на покривната конструкција, каде што се сместени клима-коморите, кои обезбедуваат третитран воздух со сите параметри - влажност, чистота, итн., но исто така и делот во кој се чилерите и другата електромеханичка опрема во подножјето на објектот. Кога сето тоа ќе се заокружи, ќе ја добиеме целината, која е нешто модерно и современо, што не постои во регионот и за кое како граѓани треба да се гордееме - рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk