logo
logo
logo

Мицкоски: Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена почит

Vecer | 11.06.2025

Мицкоски: Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена почит

На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните по повод доделување Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот.

Денеска не зборуваме само за спорт денеска зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес овде ја исправуваме државава пред нејзините најгорди амбасадори – спортистите, што со години наназад ја носеа во срцето и на грбот и на терените, арените и подиумот ширум светот. Доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена почит. Признавање на животен подвиг на луѓе кои не барале ништо, а дале сè во својата кариера, луѓе што ги претворија соништата во резултати, а резултатите во национална гордост – изјави прениерот Мицкоски.

Со оваа одлука државава воспоставува нов принцип дека врвниот спортски успех мора да се вреднува, не само во моменти на еуфорија туку и во текокот на цел живот, токму овие признанија се доживотни, изјави премиерот Мицкоски на доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk