logo
logo
logo

Вработените во Министерството за здравство

НЕ САКАЛЕ ДА ГО ПОТПИШАТ АНЕКСОТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА МОДУЛАРНАТА кој тој го изготвил по пожарот во Тетово, за да не одговара

Vecer | 04.06.2025

НЕ САКАЛЕ ДА ГО ПОТПИШАТ АНЕКСОТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА МОДУЛАРНАТА кој тој го изготвил по пожарот во Тетово, за да не одговара

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово, рече денеска Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност. Венко Филипче и СДСМ ги потцениле вработените во Министерството за здравство, кои одбиле да го потпишат анексот на договорот кој го направил Филипче, бидејќи во ревизорскиот извештај се констатирани пропусти и противзаконски дејствија. Имено, по заминувањето на Филипче од МЗ, се прави извештај со правно мислење за анексот кој Филипче го има потпишано и во извештајот стои дека договорот најитно треба да се раскине, а анексот на Филипче да се прогласи за ништовен, со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации – рече Манасивески.

Лицето кое ја обавувало функцијата проектен менаџер не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот, додаде Манасиевски.

– Истото лице врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени, но вработените, свесни дека овој договор е коруптивен и криминален, одбиваат да се потпишат. По долг период на непостапување, проектниот менаџер не го раскинува договорот, и до септември 2022 година не презема ништо – со што го става изведувачот во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета. Тогашниот министер за здравство Беким Сали бара внатрешен ревизорски извештај, кој е подготвен кон крајот на јануари 2023 година. Тој заминува од Министерството за здравство на почетокот на февруари 2023, а на негово место доаѓа Фатмир Меџити, кој го игнорира извештајот како да не постои – објасни Манасиевски.

Министерството, додаде тој, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.

– Е сега тука е клучниот момент: Никој од проектната единица не сака да ја потпише спогодбата. Зошто? Затоа што знаат колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб. Почитувани, ова е вистинското лице на Венко Филипче, кое го штити Јавното обвинителство. Наместо да се отвори постапка против Филипче, целиот овој процес стои во некоја фиока и не се постапува – рече Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk