logo
logo
logo

88-годишна велешанка измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка

Vecer | 30.08.2025

88-годишна велешанка измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка

На 29 август 2025 година во СВР Скопје, 88-годишната Д.Г. од Велес пријавила дека била жртва на класична телефонска измама. Според нејзините наводи, на 27 август околу 10 часот наутро добила повик на својот фиксен телефон од непознато машко лице, кое и соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила четиригодишно дете. За да ја „спаси“ од долгогодишна затворска казна, измамникот побарал 50.000 евра.

Жената одговорила дека нема толку средства и дека располага со околу 2.700 евра, по што добила инструкции парите да ги достави во Скопје, во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Следејќи ги упатствата, на 27 август околу 11:50 часот пристигнала во кругот на болницата и кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци. Потоа со автобус се вратила во Велес.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви телефонски измами.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk