logo
logo
logo

ЛАНИ ПОРАСНАЛ БРОЈОТ НА ЗАПИШАНИ СТУДЕНТКИ, најголем интерес имало за медицина

Vecer | 04.07.2025

ЛАНИ ПОРАСНАЛ БРОЈОТ НА ЗАПИШАНИ СТУДЕНТКИ, најголем интерес имало за медицина

Вкупно 53.535 студенти се запишале на додипломски студии во академската 2024/2025 година, што претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупниот број запишани студенти, поголемиот број се студентки, односно 31 734 или 59,3 отсто од сите запишани.

Најголем дел од студентите, дури 76,8 проценти, се одлучиле за студирање на државните високообразовни установи, додека преостанатите 23,2 проценти се запишани на приватните факултети.

Во прва година на студии во академската 2024/2025 година се запишале 14 644 студенти, што е 27,4 отсто од вкупниот број. Од нив, 13 825 студенти се запишале првпат на студии, додека останатите се запишуваат по втор или повеќепати, се додава во извештајот од ДЗС.

Кога станува збор за изборот на студии, здравството и социјалната заштита се покажале како најпривлечни, со 13 371 запишан студент. Веднаш по нив следуваат областите бизнис, администрација и право со 10 839 студенти, и информатичко-комуникациски технологии со 8 875 студенти.

Најмал број запишани студенти, 740, има во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk