Вкупно 508 прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ вчера до 20 часот на вториот ден од неговата официјална примена. Од нив 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани возила, изјави министерот за вантрешни работи Панче Тошковски во синоќешно гостување на ТВ Алфа.
Вчерашната бројка на прекршоци е приближно иста како и во неделата кога стартува „Безбеден град“.
Тошковски е задоволен од, како што посочи, малиот број на казни и очекува така и да остане во текот на целиот 24-часовен период.
Статистиката на МВР покажува дека во последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.405 граѓани, имаат по една изречена забрана. Според Тошковски, тоа се оние граѓани на кои секогаш може да им се случи да сторат прекршок.
Со два прекршока се 7 987 возачи, додека по три правосилни пресуди за забрана за управување возило имаат 1.863 возачи.
Посочи дека има 677 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а рекордери се двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата