Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ присуствуваше на Свечената академија што по повод Денот на Светите Кирил и Методиј денес се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид - симболот на духовноста и културната традиција на Македонија.
Настанот се одржа во присуство на врвни државни, црковни и академски претставници, меѓу кои ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, бројни амбасадори, научници, културни работници и граѓани.
-Искрени честитки по повод 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители, ден кој има особено место во културниот и духовниот календар на сите словенски народи, бидејќи го слави делото на светите браќа, кои ги поставија темелите на словенската писменост, образование и духовен развој, порача во својата честитка по повод 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители вицепремиерот и министер Стоилковиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата