МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство во септември иматата 2024та година влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.
Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.
Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.
Според тогашните објави кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш. Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.
Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оттогаш работите стојат во место, но не и Крмзов.
Сите три фирми за продажба на конфекција на големо на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, дел од кланот на Зоран Заев, се на првите три места по најголеми остварени приходи за 2024 во Струмица.
Крмзов од изминатата година е под истрага од страна на Управата за јавни приходи, но токму во овој период трите фирми на „кралот на текстилот“ остваруваат вкупно приходи од 185 милиони евра од таканаречената продажба „на кило“ на облека.
„Минтикос Текстил“ е на првото место во Струмица со остварен приход од 67,45 милиони евра во 2024. Оваа компанија е основана во 2022, а од лани има подружница за продажба на текстил на големо под водство на Зуле Кармзова Василева како управител.

На второто место е „Крмзов-МР“, компанија со која оригинално се поврзани почетоците на работата на Крмзов. Иако официјалната дејност е изградба на згради, во суштина фирмата е позната по прговија на големо со текстил. Приходите се 62,7 милиони евра.
Трета е „Камилком СР“, исто така на Крмзов. Минатата година и оваа фирма, инаку регистрирана во 2022, регистрира подружница за продажба на конфекција на големо, ауправител е Васе Панајотов. Остварените приходи се 55,66 милиони евра.
Крмзов официјално не е обвинет, но во изминатиот период институциите излегуваа во јавноста со индиции и сомневања за злоупотреби тешки 15 милиони евра преку поврзани фантомски фирми за нереален поврат на ДДВ.
Негови компании беа опфатени со предистрага за даночно затајување и перење пари, а претставници на власта веќе јавно обвинија во овој случај дека има индиции за „епски криминал“. Тој обвини дека е жртва на локални моќници. Како што рече, „локални шерифи“ и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го уништат него и неговиот бизнис.
Обвинителството отвори предистражна постапка во соработка со Министерството за финансии.Крмзов беше поврзан и со случајот „Еуростандард банка“ и илегални меѓународни трансакции, како и со шверц на брендирана облека, пишува порталот Фактор. Последна информација од Обвинителството е дека во предистрагата е побарано одземање на пасош, рече тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата