logo
logo
logo

Предлози за нови министри од ВРЕДИ стигнаа до Собранието

Vecer | 01.12.2025

Предлози за нови министри од ВРЕДИ стигнаа до Собранието

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.

Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртзаани, кој  се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk