logo
logo
logo

Кочанскиот Основен суд ја одби жалбата: ИНСПЕКТОРИТЕ ОД УЈП ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР

Vecer | 24.11.2025

Кочанскиот Основен суд ја одби жалбата: ИНСПЕКТОРИТЕ ОД УЈП ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор за двајцата инспектори од УЈП, Д.П. и Д.Д., додека  останатите деветмина осомничени се со определени мерки за претпазливост. Ова одлука на кочанскиот Основен суд е објавено денеска на нивната веб страница.

Двајца даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.

Тие се осомничени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице – син на реалниот сопственик на „Пулс“ е осомничен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.Шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти „ММММ кафе“ и „Пулс“ да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk