logo
logo
logo

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, вкупно во 53 општини или имаме градоначалник во прв круг или сме први

Vecer | 24.10.2025

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, вкупно во 53 општини или имаме градоначалник во прв круг или сме први

Благодарам за поддршката во првиот круг, во кој 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на предизборен настан во Конче и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на вториот круг на 2 ноември со заокружување на бројот 9.

– Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција сакам да потенцирам и да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и дека никој нема да оставиме, дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека на овие избори има три опции. Првата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората е опцијата се оние кои 7 години ја ограбуваа и уништуваа државата и третата, најлоша опција е да останат гласачите дома или да го направат ливчето неважечко. Затоа ги повика граѓаните да излезат и да одлучат за нивната иднина.

– Вие сте тие на кои ви должиме сè, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, доаѓа од народот и затоа поддршката од народот нам ни е најважна. Најважна, за да ги совладаме предизвиците дома, за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот, за да имаме повисока цена на пиперките, за да имаме подобар живот, услови, но, истовремено вашата доверба ја прави нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што не е доволно само да победувате дома, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ. Затоа ни е потребна таа поддршка за да можеме да победуваме, како што победуваме, во Лондон, во Рим, во Брисел и насекаде во светот – рече Мицкоски.

Без тоа се плашам дека ќе се вратиме во времето од пред 2 години, додаде тој.

– Кога беше друга влада, која имаше 2 цели – како да се наплати во политиката на грбот на народот, која брутално ги ограбуваше македонските граѓани и влада која не бираше средства како да го распродава националниот интерес и како да ја распродава Македонија. Затоа ни е потребна вашата поддршка за да не се случува тоа што се случуваше. Затоа да излеземе и на 2 ноември, да гласаме за број 9 – повика Мицкоски.

-Во првиот круг од локалните избори, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 33 градоначалници и уште во 26 општини е или прва или за малку втора и се бори за градоначалнички мандат. Вкупно во 53 општини или имаме градоначалник во прв круг или сме први, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на мини-митингот во Конче.

Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ќе се бориме за секој еден човек и никого нема да оставиме. Нашата амбиција е на овие избори да имаме 59 градоначалнички места. Истовремено во 58 општини, што за прв пат се случува во независна Македонија, во советите коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ или е победник или има мнозинство во советот. Ако направиме споредба со минатите локални избори, тоа се 86 советници повеќе од резултатот во 2021-ва година. И на ова треба да се додаде состојбата во Град Скопје, каде идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски има три пати поголема предност пред второпласираниот – рече Мицкоски.

Очекува над 125.000 гласови во вториот круг да освои Ѓорѓиевски.

Порача дека на овие избори апсолутен победник е ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk