logo
logo
logo

ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА УТРОВО, се чека околу 40 минути на Табановце и на Дојран

Vecer | 08.12.2025

ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА УТРОВО, се чека околу 40 минути на Табановце и на Дојран

Долги колони возила повторно ја забавуваат динамиката на патувањето утрово, откако на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ се регистрира зголемени задржувања. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања, но надлежните внимателно ја следат состојбата поради зголемена фреквенција на возила во утринските часови.

Паралелно со граничниот метеж, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а поради магла е намалена видливоста на планинските превои Ѓавато и Пресека. ЈП „Македонија пат“ информира дека е можен појава на поситни одрони на делници што минуваат низ усеци и клисури, кои редовно се расчистуваат.

Од претпријатието апелираат за внимателно возење, прилагодена брзина и доследно почитување на сообраќајните правила, особено на патиштата со намалена видливост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk