logo
logo
logo

АХМЕТИ РЕИЗБРАН

Vecer | 20.12.2025

АХМЕТИ РЕИЗБРАН

Ова е значаен момент не само за демократската унија за интеграции туку и за целокупниот државен пат на Македонија. Овој конгрес не е само внатрепартиска организациска активност, ова момент на суштинска рефлексија и појдовна точка за следната развојна фаза на нашата држава кажа реизбраниот лидер на партијата Али Ахмети обраќајки се пред присутните 800 делегати. ДУИ не се формираше како обична политичка партија, таа произлезе од потребата за мир, од стремежот кон еднаквост и од длабокото уверување дека државата може да биде стабисла само доколку е праведна и обезбедува еднакви можности додаде Ахмети.

Од говорот на Али Ахмети произлегоа четири резулуции за кои ќе се залага партијата: зајакнување на унитарниот карактер на државата, владеење на правото и довербата во институциите, национален договор за напредок, европска интеграција.

Ова е петти конгрес битен за идниот политички и организациски развој на партијата. А според првиот човек Ахмети државата може да биде функционална и одржлива само ако се потпира на довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk