logo
logo
logo

„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“

Vecer | 06.07.2025

„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со порака:

„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.

Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.

Според Ангелов, институцијата сега располага со:

18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),

15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,

5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.

„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk