logo
logo
logo

САНТЕ ПЛУС ПОВТОРНО ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ И ОПАСНИ ЛЕКОВИ, шефот Билал Кара е во бегтсво

Vecer | 05.09.2025

САНТЕ ПЛУС ПОВТОРНО ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ И ОПАСНИ ЛЕКОВИ, шефот Билал Кара е во бегтсво

Билал Кара (45) од Албанија, еден од сопствениците на ланецот болници „Санте плус“ и во Македонија, која има своја клиника и во Скопје, албанската полиција го бара со потерница поради сомневање за сторени злоупотреби преку приватната клиника „Интернешнл медикер“ (поранешна „Санте плус“). Санте плус билниците со слични незаконитости се соочуваат во Македонија веќе со години.

Албанската полиција ја затвори болницата „Медикер“ дел од групацијата „Санте плус“, откривајќи дека на пациентите им се продавале лекови со истечен рок како терапија за спасување, добивка од речиси 1 милион евра се криела во џебовите на сопствениците, додека испаднало дека работниците на оваа компанија се без социјално осигурување, објави ЈОК Албанија.

Запленети се препарати за ботокс, филери и материјали за трансплантација на коса

За време на контролата во клиниката, полицијата заплени 100 блокови со нефискализирани сметки, 27 различни препарати за ботокс, филери и материјали користени при трансплантација на коса – најголемиот дел со истечен рок – како и шест компјутери што ќе бидат испратени на вештачење.

Меѓу пронајдените медикаменти бил и антибиотикот „Рифоцин“, со истечен рок во мај 2025 година, кој се користи за тешки бактериски инфекции, како и „Гадовист“, со истечен рок уште во 2023 година. И двата, според полицијата, се користеле за инјекции, естетски интервенции и анестезија, објави Дритаре.

Паралелно со оваа активност, клиниката се рекламирала на социјалните мрежи нудејќи бројни естетски процедури, меѓу нив полнење усни со филери и трансплантација на коса по цена од 980 евра.

Што и како работи Санте плус во Македонија? И кој го контролира тоа

Големиот скандал во Албанија упатува дека со неисправни лекови, препарати и помагала фирмата Санте плус работела масовно. Им исти газди во Албанија, Србија, Косово, Македонија... и јавноста со право е загрижена дека спорните медицински содржини и методи се набавувани и употребувани во целиот систем на Санте плус, вклучително и во Македонија. 

„Санте Плус“ има болница која се наоѓа во населбата Ѓорче Петров главно е фокусирана на гинекологија и на пластична хирургија, додека болницата „Санте Плус 2“, која се наоѓа во центарот на Скопје, на улица „Партизанска“, се фокусира на поликлиничките области. Двете болници се рекламираат низ порталите, понекогаш и телевизиите, но не се забележани некои масоввни посети или медицински успеси. Напротив Санте плус постојано има проблем со законот.

Во 2018-та Министерство за здравство и ја одзеде дозволата за работа на Санте Плус, соопштија од Министерството. Во соопштението се наведува дека при инспекција е утврдено дека имало неправилноста во работата на болницата во однос на кадар и во однос на опрема, по што Министерството донело решение да и се одземе лиценцата на приватната болница „Санте Плус гроуп‘‘.

Во 2023-та четиригодишна затворска казна доби анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, по пресуда на судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години.

Обвинението беше поднесено три години претходно а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт.

Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.

Санте плус во 2024-та е фатена и во вршење дејност “на диво“:

По тврдењата на болницата „Санте плус“ дека од Државниот здравствен инспекторат никој не ги повикал да достават документација затоа што амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар не постоела воопшто, директорката на инспекторатот, Рената Младеновска денеска рече дека бил извршен надзор и изречена е забрана за вршење на дејност врз основа на доставен договор помеѓу конзорциумот и „Санте плус 2“.

Младеновска појасни дека директорката на „Санте плус“ била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила. Од „Санте плус 2“ тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на кој било, но од инспекторатот велат дека на лице место затекнале медицинска опрема, игли, шприцеви и јасно било дека се вршела здраствена дејност, при што евидентно било дека била вршена здравстена дејност без дозвола и лиценца.

Европска очна болница на Санте плус е лоцирана, исто така, во населбата Ѓорче Петров, е со третмани на очни болести како и хируршки очна интервенции. Не е во рангот на Промедика и Систина офтомологија но, некако во нивна сенка опстојува под радарот без референца во јавноста за квалитетот и репутацијата на “Евроспката очната болница“ Санте плус во Ѓорче петров која повеќе пати се соочува со проефсионални проблеми во здравствените интервенции и услови за работа.

По социјалните мрежи Европската очна болница на Санте плус беше долго тролана како несигурна и користена на свој ризик, па се ширеа коментарите “Ако одите во Санте плус Европска очна болница, отворете четири очи ако сакате да излезете со две...“

Освен со нестручна здравствена работа Санте плус има проблем и со даноците:

Управата за финансиска полиција во 2018-та поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа-Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП“ Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје.

Според податоците на полицијата, пријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа (Санте плус), во повеќе наврати извршила исплата на парични средства “во готово” во вкупен износ од 35.097.304 денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата на поголем број физички лица.

Но, сите недостатаоци незаконитости Санте плус групациајта, вклучително о Евроспката очна болница, ги решаваа политички. Па така, во мандатот на поранешниот министер за надворешни работи Буијар Осмнаи шефот нан Санте плус, Билал Кара, стане почесен амбасадор на Турција во Македонија. 

Денес Билал Кара е во бегство поради даночни затајувања, загрозување здравје и живот на пациенти на Санте плус и ред други криминали. Време е Македонија темелно да го провери, по сите основи, работењето и состојбите во групацијата на Санте плус во сите нивни болници низ Македонија и да излезе со резултатите од тие истраги.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk