logo
logo
logo

ЖЕНА ДОБИЛА ДВА ИДЕНТИТЕТА СО ПОМОШ НА МАТИЧАРИ И СЛУЖБЕНИЦИ

Vecer | 01.11.2025

ЖЕНА ДОБИЛА ДВА ИДЕНТИТЕТА СО ПОМОШ НА МАТИЧАРИ И СЛУЖБЕНИЦИ

Матичари и службеници ѝ овозможиле два идентитета на една жена и за тоа добија кривична пријава од полицијата.

Како што појасни полицијата, кривична пријава е поднесена против двајца матичари од општина Липково и двајца вработени во одделението за управни работи во Куманово. Станува за лица со иницијали: В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67). Полицијата се сомнева дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Првопријавената, матичарка во Управа за водење на матични книги во село Лојане, општина Липково, незаконски  во матична книга на родени во с. Лојане извршила дополнителен упис дека една жена склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме. Потоа второпријавениот во својство на матичар лани во март издал извод од матична книга на родени за неа кое било искористено за вадење на пасош. Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртиот пријавен во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето. На тој начин , пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk