logo
logo
logo

Останува ли Охрид светски град, или СЕ ВРАЌА ВО ТУРИСТИЧКА ПРОВИНЦИЈА СО ДИВОГРАДБИ

Vecer | 22.07.2026

Останува ли Охрид светски град, или СЕ ВРАЌА ВО ТУРИСТИЧКА ПРОВИНЦИЈА СО ДИВОГРАДБИ

Дали Охрид е град кој заслужува внимание од светот, и е под заштита на УНЕКСКО како културна реткост, или ќе се  врати на статусот на туристичка провинција без ред и култура, без заштита од Обединетите нации на неговото културно наследство и содржина.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска треба да ја донесе конечната одлука за статусот на Охридскиот Регион – дали ќе го задржи сегашниот статус на светско природно и културно наследство или ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност.

Одлуката ќе се темели на извештаите за тоа колку Македонија и Албанија ги исполниле препораките на УНЕСКО за заштита на регионот.

Во фокусот се справувањето со дивоградбите, подобрувањето на колекторскиот систем, урбанистичкото планирање, заштитата на Студенчишкото Блато, загадувањето на Охридското Езеро и зачувувањето на културното наследство.

Двете држави имаа рок до 1 февруари годинава да достават извештаи за преземените мерки, откако минатата година Комитетот одлучи да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност и им даде дополнителна една година за исполнување на препораките.

Во изминатиот период македонските власти тврдеа дека се преземени конкретни чекори за исполнување на барањата на УНЕСКО. Во февруари владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојуваше во Париз на средби со раководството на организацијата, каде беа презентирани активностите за зачувување на природните и културните вредности на Охридскиот Регион.

Одлуката што ќе ја донесе Комитетот денеска ќе биде од големо значење за иднината на едно од највредните светски природни и културни богатства, кое од 1979 и 1980 година е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk