logo
logo
logo

Филипче и СДСМ на апарати: РОХАС И ЕУ ЦЕНАТ ДЕКА НА МАКЕДОНИЈА СЕ ГЛЕДА КАКО НА ИДНА ЧЛЕНКА НА ЕУ

Vecer | 22.07.2026

Филипче и СДСМ на апарати: РОХАС И ЕУ ЦЕНАТ ДЕКА НА МАКЕДОНИЈА СЕ ГЛЕДА КАКО НА ИДНА ЧЛЕНКА НА ЕУ

СДСМ, формално предводен од Венко Филипче, а фактички воден од кланот Заеви на секое ново мерење рејтинг им паѓа довербата во јавонста, а бележат и два тешки изборни порази на послдените парламентарни и локални избори.  

Немаат план за себе а камоли за државата, немаат дистанцирање од власта СДСМ/ДУИ која од Европската унија и европските институции беше оценета како најкорумпирана по Украина и Молдавија и единствената мантра од општ карактер која ја верглаат е дека “Македонија заостанува во европскиот напредок“ без да наведат доказ за тоа, а тие сами себе се прогласуваат за заштитник на ЕУ во Македонија иако ЕУ тука има свој амбасадор за таа цел..

Доказот, но за спротивното од она што го тврди СДСМ стаса - од Европаката унија!

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, кој неодамна оцени дека Македонија има цел, капацитет и позитивни резултати во примена на европските стандарди денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата.

Осврнувајќи се на земјава, Рокас оцени дека покажала капацитет за спроведување реформи. Тој ја поздрави работата на Собранието и донесувањето на повеќе закони, додавајќи дека со поддршка на Делегацијата на Европската Унија институциите можат успешно да се подготват за пристапување во Унијата.

-Без двоумење можам да кажам дека земјата покажа дека има капацитет да спроведува реформи. Би сакал да ја поздравам работата што е завршена во Собранието, особено во однос на законите што се донесуваат во овој дом. Секако, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, сметаме дека успешно можеме да ве подготвиме за пристапување кон ЕУ – додаде Рокас.

Нагласи дека постојат три клучни области на кои земјата треба да остане посветена, а една од нив е владеењето на правото. Рокас истакна дека во овие области не може да има компромис, бидејќи тие се основните критериуми врз кои се темели пристапниот процес.

Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција.

Тој истакна дека процесот на проширување е во полн ек и дека секојдневно се бележат нови позитивни случувања. Рокас посочи дека во изминатиот период биле одржани повеќе меѓувладини конференции со Албанија, Украина, Молдавија и Црна Гора, при што биле отворени нови и затворени повеќе преговарачки поглавја. 

- Франција и Германија беа двигатели на оваа иницијатива, а целта е заедничка за сите: да се забрза процесот на пристапување, да се исполнат сите неопходни предуслови, но истовремено и земјите кандидати постепено да добијат поголем пристап до внатрешниот пазар на ЕУ. Токму затоа, паралелно работиме и на тој процес – рече Рокас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk