Проектот „Безбеден град“, пред да почне официјално да се применува, веќе се најде пред Уставниот суд. Крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села го оспори Законот за прекршоци по неколку основи.
Според Зијадин Села, противуставноста на законот е поради селективноста на законот односно негова примена само во Скопје, Куманово и Тетово, како и поради тоа што пораките за сторените прекршоци не се двојазични и казните се испраќаат преку пораки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата