logo
logo
logo

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД ИМ ГИ УДВОИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

Vecer | 24.12.2025

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД ИМ ГИ УДВОИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

Апелацискиот суд во Гостивар ја преиначи пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па сега двајцата обвинети ќе треба да одлежат по три години затвор, наместо 1,5 година, како што пресуди првостепениот суд во Тетово.

Зголемена е и паричната казна односно отштетата која правното лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово, треба да ја плати согласно вината.

Советот при Апалациониот суд одлучи дека жалбата на обвинетите е неоснована, а се прифаќаат жалбата на на Основното јавно обвинителство Тетово и жалбите на оштетените, како основани.

Во решението на Судот се наведува дека кривичната санкција и првостепената пресуда се преиначува само во делот на должината на затворската казна. Со тоа се потврдува првостпената пресудата за обвинетите Фљорин Бесими од Тетово и Артан Етеми од Тетово, со која тие се прогласуваат за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Исто така се потврдува пресудата за правното лице Јавна здравствена установа Клиничка болница Тетово, и му се одредува парична казна 1.300.000 денари.

Апелацискиот суд смета дека вака изречените кривични санкции за обвинетите во целост одговараат на степенот на кривичната одговорност на обвинетите, тежината на кривичното дело за кое се обвинети и последиците од кривично дело.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година животот го загубија 12 пациенти заболени од Ковид 19, кои се лекувале во болницата, како и двајца роднини на болните кои во тој момент биле во посета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk