logo
logo
logo

Taравари постави дијагноза: Анксиозноста е најлошото чувство, особено измешано со вина

Vecer | 25.05.2025

Taравари постави дијагноза: Анксиозноста е најлошото чувство, особено измешано со вина

Претседателот крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи и, како што вели, неговата група од помалку од 40 луѓе, по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.

Таравари во објавата посочува дека поранешните сопартијци чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина, а ги потсети и на одржувањето на локалните избори на октомври на кои, како што вели, ќе победи.

 Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува…особено кога е измешано со чувство на вина! Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон oктомвриската победа која е блиску…многу блиску!, напиша Таравари

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk