logo
logo
logo

ОД ДЕНЕС ПА ДО КОЈЗНАЕ КОГА... Времето се менува, студот доаѓа по нас

Vecer | 24.11.2025

ОД ДЕНЕС ПА ДО КОЈЗНАЕ КОГА... Времето се менува, студот доаѓа по нас

Уживавме, најчесто, во речиси пролетно време месецов но таквите денови завршија. Температурите ќе паѓаат и дење, а особено ноќе што е најава за нов временски циклус.

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток.

На планинските подрачја, посебно во повисоките зони, дождот ќе преминува во снег. Од среда ќе има и промена во правецот на ветерот – наместо јужен, ќе дува студен северен ветер, што дополнително ќе ги спушти температурите.

УХМР предупредува граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено кон планините, каде што се очекува создавање на нова снежна покривка и потенцијално лизгави патишта. Препорачана е и зголемена претпазливост во урбаните средини поради можни поројни врнежи.

Оваа циклона ќе ја обележи целата работна недела, со стабилизација на времето дури кон крајот на неделата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk