logo
logo
logo

Полиција го запрела, тој се налутил па СО КАМЕН ИМ ГО СКРШИЛ ПОЛИЦИСКОТО ВОЗИЛО

Vecer | 19.07.2025

Полиција го запрела, тој се налутил па СО КАМЕН ИМ ГО СКРШИЛ ПОЛИЦИСКОТО ВОЗИЛО

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско возило, откако едно лице физички го нападнало автомобилот со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците, околу 01:15 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички, кое не застанало веднаш, туку било сопрено неколку минути подоцна на улицата „Ордан Поп Јорданов“.

Возачот бил идентификуван како Ф.Ј. (32) од село Петровец, а во возилото се наоѓале уште три машки лица. По извршената контрола, констатирани се повеќе сообраќајни прекршоци и издадени се платни налози.

Сепак, инцидентот не завршил тука. По завршувањето на службените дејства, едно од лицата од возилото „Пежо“, откако полицајците влегле во полициското возило, со тврд предмет го искршило задното стакло на полициското возило и потоа побегнало од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, а случајот е пријавен и документиран како напад врз службено возило и ометање на службени лица во вршење на должност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk