logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Vecer | 22.10.2025

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Полициска акција се одвива денеска во Скопје, при што единици на Министерството за внатрешни работи спроведуваат претреси на повеќе локации во рамките на истрага за лихварство и перење пари.

Акцијата се изведува под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а претресите се извршуваат истовремено на неколку адреси во главниот град.

Од Обвинителството информираат дека станува збор за лица осомничени за сериозни финансиски злоупотреби.

– Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата – велат од Обвинителството.

Според првичните информации, акцијата е во тек и се очекува по нејзиното завршување да бидат објавени официјални податоци за бројот на приведени лица и запленетите материјални докази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk