logo
logo
logo

Роднини на жртвите од Кочани БАРАА ПАРИ И ГО ФАЛЕА СДСМ КАКО ГИ РЕШИЛ ПОЖАРИТЕ ВО ТЕТОВО И ДУРМО ТУРС!

Vecer | 09.12.2025

Роднини на жртвите од Кочани БАРАА ПАРИ И ГО ФАЛЕА СДСМ КАКО ГИ РЕШИЛ ПОЖАРИТЕ ВО ТЕТОВО И ДУРМО ТУРС!

Целиот државен врв денес, во Собраннието, имаше средба со родителите, роднините, некои од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани за да се разменат информации, сослушаат искази на луѓето дојдени во Собранието и презентираат детали до каде е дојдено со постапката за одговорност.

Постапката за пожарот во Кочани ја води обвинителството и судството, судењето е веќе започнато, а средбата во Собранието помеѓу државниот врв (влада и претседателот на државата) кој е надвор од правната постапката беше со цел да се соочат информациите и ставовите помеѓу роднините на жртвите и повердените и собраниската комисија за истарага по повод случајот која е формирана по предлог на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ И ВРЕДИ.

Државниот обвинител Коцевски изрази несогласување со формирањето и работата на таа специјална собраниска комисија затоа што, според него, тоа би била паралелна истрага и притисок врз обвинителството и судиите.

Пратениците решија за претседател на таа комисија да се избере пратеник од опозицијата, во случајот Димитар Апасиев од Левица кој, користејќи ја присутноста на оваа средба, вообичаено настанот го скандализираше и претвори во естрада со барање - доказите од истрагата да се презентираат и објават пред пратениците!

Апасиев е правник и добро знае дека докази пред да се употребат и презентираат во судот не смеат да се објавуваат на друг начин, па ни во Собранието, бидејќи потоа би станале безбвредни и компромитирани во судската постапка. Практично Апасиев се обиде да ја урне судската постапка и доказите, со намера да ја искористи јавноста за естрадно шоу и сопствена промоција како и скандализирање што Апасиев го прави постојано.

“ДАЈТЕ ПАРИ ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ... СДСМ ПОДОБРО ГИ РЕШИ ДУРМО И ТЕТОВСКИОТ ПОЖАР“

Иако не се очекуваше на ваков настан, сепак и тука се случи познатата политика на “ќар од мртви души“ со брутална политизација на средбата очигледно планирана за потребите на СДСМ

На денешната собраниска Анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани родителите на настраданите доставија барање до Владата барање за парично обештетување за смртта на нивните деца. Ваквото барање создаде непријатна атмосфера меѓу присутните роднини на настраданите кои во убедливо мнозинство немаа и немаат намера за трговија со трагедијата, ниту пак утврдување цена за загубата. 

Не беше изнесен ниедна причина зошто владата има обврска за надомест на “штета и загуба“ од пожар настанат во приватен објект и пред утврдување на индивидуална вина на одговорните за пожарот. Не се работи за пари, или износ од исплата, се работи за неочекувано уфрлање на потреба за пари во крајно напната атмосфера и судска постапка во тек што е во фокус на целата јавност и се очекуваат пресуди за конкретни виновници. Парите како надомест за загубен живот и случајот во тек не смеат да стојат во иста реченица.

Дека СДСМ го користи настанот и трагедијата, без ни малку етика и сочувство, потврдува и следниот пример. Еден од присутните посочи дека “СДСМ подобро се справил со пожарот на автобусот на Дурмо Турс од кој имаше 46 жртви и со пожарот во тетовската болница со 15 жртви! Потребата од надомест со пари од владата, и дали властите на СДСМ и ДУИ дале пари од буџетот за жртвите не беше спомнат. 

Со ова се упропасти и спушти на најниско можно ниво средбата помеѓу целата државна власт и роднините на жртвите од пожарот во Кочани, и се сведи на партиска агитација за потреби на СДСМ..

За пожарот во модуларната во Тетово, пожар и жртви во државен објект, на крај од истрагата се констатира дека виновен беше кабелот, нема одговорни лица за конкретниот пожар во државен објект од време карактер поставен за приемно оддление и чекална а употребен за сместување на тешко болни од Ковид 19 и објект во кој самоиницијативно болницата менувала инсталација.

Пожарот во автобусот на Дурмо Турс, во кој загинаа цели семејства се уште нема правна завршница. Се работи за аватобус кој немал довола за меѓунардоен транспорт, возел “на диво“ и кој на чуден начин без таа дозвола повеќе пати минувал граница а полицијата и царинските служби не го спречувале во работењето. 

За “активистите“ на СДСМ денес присутни во Собранието тоа е - правичен однос на власта кон тие две трагедии. Останува сегашната власт да ги исплати бараните пари и да го затвори случајот без судење, како што власта на СДСМ и ДУИ ги затвори случаите за болницата во Тетово и го забошотува случајот на пожарот во автобусот на Дурмо турс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk