logo
logo
logo

Време е да одговараат: ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА

Vecer | 12.02.2026

Време е да одговараат: ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА

Зоран Заев и Венко Филипче имале цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис во Македонија. Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат, но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола“, се вели во соопштението.

Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, се додава, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.

„Доказ дека сè било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДСМ каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите. Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет. Токму поради ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски, прашува партијата.

„Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот? Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел. Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk