Актуелното раководство на СДС, предводено од Венко Филипче, и натаму е заложник на тешките корупциски скандали од времето кога беа на власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо ветеното „европско здравство“ и економски просперитет, тесниот круг околу партијата се луксузираше на грбот на народот и ја остави државата да пропаѓа.
Од владејачката партија потенцираат дека Филипче и неговите соработници зад себе влечат нерасчистени скандали поврзани со сомнителни јавни набавки и купување медиуми. Токму поради ваквите штетни политики и ставањето на личните профити пред интересите на граѓаните, СДС доживеа серија катастрофални порази на неколку последователни избори во земјава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата