logo
logo
logo

Бензинот за 4 дизелот за 7

ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА, најави премиерот Мицкоски

Vecer | 20.06.2026

ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА, најави премиерот Мицкоски

Граѓаните и превозниците во Македонија можат да здивнат. Од понеделник се очекува драстичен пад на цените на нафтените деривати на бензинските пумпи низ земјава, како резултат на смирувањето на геополитичките тензии на Блискиот Исток и падот на цената на суровата нафта.

Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, според направените пресметки, и покрај благиот раст на вредноста на доларот, математиката покажува сериозно олеснување за џебот на граѓаните. 

„Имајќи ги предвид сите аспекти и имајќи предвид дека на мировна масе се и Израел и хезболах, очекувам оваа криза да се заокружи и да влеземе во помирни води, што би значело до крајот на годината просечна цена за барел помеѓу 70 и 80 долари. Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот, очекувам во понеделник, врз основа на тие калкулации, бензините околу 4 денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу 7 денари по литар да се намали. Да почекаме, во понеделник Регулаторната комисија и официјално да ги каже овие бројки“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk