logo
logo
logo

Со невидено лицемерие ја крадат довербата на граѓаните, повикува ВМРО-ДПМНЕ

ОБВИНИТЕЛИТЕ И СУДИИТЕ ДА ПОЧНАТ ПОСТАПКИ ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ КОЛЕГИ

Vecer | 25.09.2025

ОБВИНИТЕЛИТЕ И СУДИИТЕ ДА ПОЧНАТ ПОСТАПКИ ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ КОЛЕГИ

Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

Здруженијата на судии и обвинители, соопшти партијата, зборуваат за сè, освен за суштинските проблеми во земјата.

„Ако со нивната гласност сакаат да изгледаат како бранители на правдата, тогаш зошто нема конкретни чекори? Дали нема затоа што и тие се дел од проблемот? До кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните? Ова е невидено лицемерие, не штитат правда, туку корупција, што претставува директна кражба на довербата на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ако сакаат правда време им е да почнат постапка, се додава во соопштението.

„На пример, да почнат со Наќе Георгиев, поранешен врховен судија и член на Судскиот совет и Иџет Мемети, поранешен јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Луѓе кои признаа дека имаат земено мито од 10.000 евра за влијание врз судски пресуди, па едниот се спогоди, другиот се стекна со условна осуда. Ова е доказ за системот на СДСМ и ДУИ. И ова не е изолирана појава, туку е проблем кој произлегува од влијанието на СДСМ и ДУИ и го има и во другите институции“, соопшти партијата.

Што сакаат да им порачаат на граѓаните –  дека високите функционери во судството и обвинителството можат да бидат вклучени во директна злоупотреба на своите функции, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гледаат, граѓаните не ги следат само високите случаи, кои имаат поголемо медиумско внимание. Граѓаните ова го знаат и од прва рака, на пример, во основните судови. Граѓаните ја гледаат неправдата која СДСМ и ДУИ сè уште им ја нанесуваат, па дури и од опозиција. Па, како очекуваат граѓаните да имаат доверба во правдата, ако виновниците остануваат неказнети Здружението на судии се само многу гласни, ама ако сакаат правда, време им е да почнат постапки за корумпираните колеги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk