logo
logo
logo

ПРАЗНО СТОЛЧЕ! Пендаровски НЕ СЕ ПОЈАВИ НА НАЈЗНАЧАЈНАТА ДЕБАТА со Силјановска Давкова

Vecer | 02.05.2024

ПРАЗНО СТОЛЧЕ! Пендаровски НЕ СЕ ПОЈАВИ НА НАЈЗНАЧАЈНАТА ДЕБАТА со Силјановска Давкова

По двете дебати во претседателската кампања, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе дебатира со празно столче откако канидидатот на СДСМ, Стево Пендаровски не се појавил на истата.

Таа е зачудена како Пендаровски не се појавил токму на најважаната дебата на МРТ.

Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите, вели Силјановска Давкова. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk