logo
logo
logo

МНР со устен демарш до албанскиот амбасадор Меидани поради изјави во јавноста

Vecer | 20.05.2026

МНР со устен демарш до албанскиот амбасадор Меидани поради изјави во јавноста

Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Дознаваме дека на средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијално мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.

На средбата било нагласено дека во иднина е потребно јавните настапи и изјави да бидат во духот на одличните пријателски односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно вообичаените дипломатски стандарди и практики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk