logo
logo
logo

ДОМА ГАЛАМИ, ПРЕД БУГАРИЈА „ПРЕДЕ“ - Венко нигде го нема за скандалот од Софија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 26.06.2026

ДОМА ГАЛАМИ, ПРЕД БУГАРИЈА „ПРЕДЕ“ - Венко нигде го нема за скандалот од Софија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во текстот се додава:

Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста. 

Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација.

Бугарија се изјасни, но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста. 

Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДС молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија. 

Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДС испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија. 

Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси. 

Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната. 

Македонија нема да се повлекува  и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk