logo
logo
logo

Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара

Vecer | 19.01.2026

Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара

Средношколецот Кристијан Митрев го фати денеска светиот крст положен во реката Луда Мара и посака здравје за сите. Во изјава за медиумите, 18-годишниот кавадарчанец кажа дека долги години имал желба, а годинава имал прв обид и среќа на Водици. Тој доби и подароци.

-Водата е студена и студено е, но тоа не е важно, важно е што ми се исполни долгогодишната желба. Вечен нека е празникот, порача тој.

Притоа посака здравје, љубов, слога, среќа за сите. Да прекинат сите лоши работи во светот.

Во студената вода на реката што го дели градот на два дела, по светиот крст влегоа дваесетина лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk