logo
logo
logo

РАЗГОВАРАА Мицкоски и Варнс

Vecer | 17.02.2026

РАЗГОВАРАА Мицкоски и Варнс

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и  вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс.

За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите.

- Денес остварив средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите, објави премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk