logo
logo
logo

Мицкоски со поддршка за Катар по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Vecer | 06.03.2026

Мицкоски со поддршка за Катар по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. Во фокусот на разговорите беа актуелните безбедносни предизвици и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Мицкоски упати порака на поддршка до Катар со оглед на ескалацијата на воениот конфликт во регионот.

„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката“, објави премиерот Мицкоски.

Двајцата соговорници ја потврдија заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи, со посебен акцент на отворањето нови можности за економска соработка во интерес на граѓаните на двете држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk