logo
logo
logo

One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце

Vecer | 28.05.2025

One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го посетија граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со Косово на кој од денес целосно е имплементиран „One Stop“ системот на заеднички контроли кој придонесува за побрз транспорт на луѓе и поголема трговија и туризам помеѓу двете држави.

„Со пуштањето во функција и на овој граничен премин помеѓу Македонија и Косово ја заокружуваме границата кон Косово, овозможуваме побрз трансфер на граѓани помеѓу нашите две држави. Пуштањето во функција на граничниот премин Блаце се покажа како многу функционално на овој начин, така што се надевам дека на овој начин и овде на граничниот премин на кој што се наоѓаме моментално исто така ќе имаме подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани, се со цел за да имаме што е можно подобра комуникација како две држави. Секоја од полициските служби ја штити својата граница, со тоа што ги разменуваме многу брзо и реално за многу брз временски период можеме да овозможиме нашите граѓани да преминат во Косово, а косовските граѓани да преминат во Македонија.“, потенцираше министерот Тошковски.

„One Stop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Република Србија, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји-соседи кои не се дел од Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk