logo
logo
logo

СЕ ЗГОЛЕМУВА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО? Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од ДУИ

Vecer | 14.11.2025

СЕ ЗГОЛЕМУВА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО? Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од ДУИ

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на Вреди, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година, ќе има проширување на пратеничката група на Вреди.

Азизи не спомна конкретни имиња, но рече дека дека се водат разговори со 3-4 пратеници кои се разочарани од нивните политички субјекти. Прашан дали станува збор за пратеници на опозициската НАИ, одговори потврдно.

- Да, од НАИ. Верувам дека ќе го финализираме конкретниот чекор со нив да бидат дел од Владата, да ни се придружат. Точно е дека се водат интензивни разговори, дури и лично контактирав со некои од моите колеги. Тие не го оправдуваат ставот на соодветните партии и целиот овој наратив и став за креирање политики- изјави Азизи во дебата на ТВ 21.

- Се надевам дека дека дел од силите во парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи – рече премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на прашањето дали по победата размислува за вонредни парламентарни избори, со цел власта да обезбеди Бадентерово мнозинство, потребно за носење реформски закони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk