logo
logo
logo

246 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ГО КОРИСТАТ СИСТЕМОТ ЗА ЕДИНСТВЕНА НАЈАВА (СЕН): граѓаните нема да мора да паметат бројни различни лозинки за пристап

Vecer | 06.07.2025

246 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ГО КОРИСТАТ СИСТЕМОТ ЗА ЕДИНСТВЕНА НАЈАВА (СЕН): граѓаните нема да мора да паметат бројни различни лозинки за пристап

Над 246 илјади граѓани во повеќе институции користат една мејл адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин, што е овозможено од Министерството за дигитална трансформација.

Како што соопшти Министерството, регистрирање на Системот за единствена најава (СЕН) е овозможено доколку е полнолетен граѓанин на Македонија или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

„Најнови институции кои го користат системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се нудат за учениците и студентите, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други. Најлесен начин за регистрација е директно на Националниот портал за услуги – https://uslugi.gov.mk/user-profile или https://eid.mk Граѓаните може и лично да се регистрираат со лично присуство и со важечка лична карта или пасош, во некој од центрите за услуги на Министерството, во Центар, Аеродром, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид и Јегуновце“, информира Министерството за дигитална трансформација.

Оттаму додаваат и дека во наредниот период ќе се работи на приклучување на нови институции, општини, јавни претпријатија и приватни субјекти, „со што граѓаните нема да мора да паметат бројни различни лозинки за пристап, кориснички имиња и други потребни информации“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk