logo
logo
logo

КОЈ ЌЕ МУ СЕ НАФАТИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ, А ДА Е КАДАРЕН И СПОСОБЕН? Филипче бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ

Vecer | 02.12.2025

КОЈ ЌЕ МУ СЕ НАФАТИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ, А ДА Е КАДАРЕН И СПОСОБЕН? Филипче бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, на „Телма“ ја најави вечерашната седница на Извршниот одбор, највисокото партиско тело, на која рече дека ќе бара оставки од сите актуелни членови.

„Направивме анализи внатре во партијата насекаде, каде резултатите беа различни. Имаше општини каде потрфливме, но и каде покажавме резултати. Врз основа на сите анализи и разговори, работа и дооформување на стратегија на работа на партијата, веќе денес, односно вечерва ќе имаме Извршен одбор на којшто ќе побарам сите членови да се повлечат и на еден од следните состаноци да се избере ново раководство и нов состав на партијата“, рече Филипче.

Тој најави дека на функциите ќе се бираат „најкомпентетни личности за функциите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk