Европската комисија не донесе одлука да се блокира исплатата на парите од програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Напротов, додаде тој, поздравена е позитивната акција од луѓето од Европската комисија.
Премиерот рече дека тој побарал да бидат сопрени исплатите од програмата.
– Да, јас тоа го побарав, затоа што мора да видиме до каде одат злуопотребите. Првичните информации се дека не е тоа од сега, се правело и наназад. Сè ќе испитаме, а секој што мисли дека така ќе помине, се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е – рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата