Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го започна својот прв работен ден со симболичен чин на благодарност кон еден од најдобрите работници на комуналното претпријатие, Горан Узунски.
Како знак на признание, тој објави дека првата градоначалничка плата ќе ја донира токму на Узунски.
Узунски од Тработивиште на овој начин доби посебно признание за особен придонес во одржувањето на хигиената во градот Делчево и околината.
- Со солзи во очите Горан Узунски, вработен во ЈКП Брегалница ја прими благодарницата од новиот градоначалник Иван Гоцевски кој го истакна како поединец на кој сите треба да се угледаме, пренесува локалниот портал Делчево365.
Гоцевски инаку е новоизбран градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата