logo
logo
logo

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ го поддржува премиерот Мицкоски

Vecer | 16.01.2026

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ го поддржува премиерот Мицкоски

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ изразува недвосмислена и безусловна поддршка на Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски во насока на имплементирање на владините политики, како и предлозите кои беа предмет на дебата на лидерската средба, бидејќи се во интерес на сите граѓани и подигнување на квалитетот на живот, како и развој на самите демократски процеси.

Особено е значајно, укинувањето на ,,Техничката влада,, која не ги даде очекуваните резултати и создава повеќе проблеми отколку што нуди излезни решенија. Како посебна и автохтона етничка заедница, силно веруваме во демократските капацитети  на Владата на Македонија, а особено во Премиерот Христијан Мицкоски, кој не дозволува Египќаните да бидат изолирани, неинтегрирани и маргинализирани.

Развојот на демократските процеси  бара инклузивност, сплотеност околу националните интереси над партиските, и тоа е оснопвот за поддршка на Премиерот  Проф.Д-р Христијан Мицкоски, истакна лидерот на НГИ„КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ дипл.правник Демир Далип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk